недела, 29 ноември 2026
Вонредно

Трамп оптимист пред преговорите со Иран во Пакистан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „прилично оптимистичен“ во пресрет на клучните преговори со Иран што викендов треба да се одржат во Пакистан.

– На состаноците тие зборуваат многу поинаку отколку пред медиумите. Се однесуваат многу поразумно – изјави Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си Њуз, мислејќи на иранските претставници.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Тие прифаќаат сè што треба да прифатат. Не заборавајте дека беа поразени – додаде американскиот претседател.

Преговорите се сметаат за клучни за стабилизација на состојбите по војната во регионот, во услови на кревко примирје и зголемени тензии околу безбедноста на Ормуската Теснина.

Поврзани вести