Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша четири извршни декрети кои обезбедуваат економска помош на милиони Американци кои ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата.
На прес-конференцијата во неговото одморалиште во Бедминстер, Њу Џерси, претседателот рече дека благодарение на декретите, плаќањата на федерална помош на невработените ќе продолжат.
Помошта беше 600 долари неделно, а сега ќе изнесува 400 долари. Државите ќе покриваат 25 проценти од трошоците, а федералната влада преостанатите 75 проценти, рече Трамп, пренесува „Гласот на Америка“.
Прописите исто така овозможуваат прекин на плаќањата за данок на доход за Американците кои заработуваат помалку од 100.000 американски долари годишно. Продолжено е одложувањето на наплатата на студентски кредити, како и мораториумот за иселување на станарите кои не можат да пл
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.