сабота, 28 ноември 2026
Најново

Трамп сака да ја смени Кристен Нилсен, секретарката за Државна безбедност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради незадоволство од нејзината работа во спроведувањето на имиграцискиот план американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја смени секретарката на Државната безбедност, Кристен Нилсен. Оваа недела тие заедно требаше да ги посетат американските трупи на границата во јужен Тексас, но Трамп  го откажа планираното патување со Нилсен при што им рекол на неговите помошници дека сака што поскоро да ја види надвор од службата. Нејзиното заминување од администрацијата, најверојатно, ќе се случи во наредните неколку недели, ако не и порано, наведуваат неколку претставници на Белата куќа. Претставници од Државната безбедност одбиле да потврдат потенцијално заминување на Нилсен.
Претседателот Трамп со месеци изразуваше незадоволство од работата на Нилсен во спроведувањето на имиграцискиот план и верува дека ќе најде замена која подобро ќе ги применува политичките идеи.

 

Поврзани вести