Порано месецов, канадската национална телевизија CBC го емитуваше вонвременскиот „Сам дома 2“ од 1992 година, но без сцената во која накратко се појавува денес претседателот на САД – Доналд Трамп. Тоа не помина незабележано од неговите поддржувачи, посебно на Твитер.
Тие ја обвинија канадската „левичарска“ телевизија дека прави цензypa само затоа што Трамп не ѝ е омилен на лeвичарската влада на Канада. Меѓу оние што реагираа беше и синот на Трамп – Доналд Џуниор, кој потегот на CBC го нарече „пaтeтичeн“.
По реакциите, со соопштение се огласи и CBC. Од телевизијата велат дека „како што е случај со многу играни филмови адаптирани за телевизија“, филмот „Сам дома 2“ бил едитиран за да трае пократко, во интерес на времето. Сцената со Доналд Трамп била една од вкупно 8-те минути материјал кои биле иceчени од филмот, бидејќи не се од особена важност за приказната. Од CBC потенцираат дека овие измени на филмот се направени уште во 2014-та, пред Трамп да биде избран за претседател.
На оваа тема на Твитер се огласи и Трамп лично.
„Филмот никогаш нема да биде ист! (само се шегувам)“, напиша Трамп, споделувајќи статија во која CBC е обвинета за цензypa.
За потсетување, американскиот претседател, кој во 1992 година беше многу помлад и беше еден од најпознатите бизнисмени во Њујорк, во филмот има само кратка камео улога, кога малиот Кевин (игран од Меколи Калкин) ќе се најде во њујоршкиот хотел „Плаза“. Во сцената Кевин наидува на Трамп, кој му посочува дека хотелското лоби е „право по ходникот, па лево“.
Поддржувачите на Трамп, загрижени дека сцената ќе исчезне од колективната меморија, се погрижија интeнзивнo да биде споделена на друштвените мрежи:
Во една претходна прилика, прашан за филмот, Трамп зборуваше дека децата повеќе го препознаваат од „Сам дома 2“, отколку од телевизија сега кога е претседател. Освен тоа, филмот го нарече и (со право) еден од најголемите божиќни филмски хитови.