Трамп се изнервира по бруталниот руски напад врз Киев: Владимир, ПРЕСТАНИ!

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по масовниот руски напад врз Киев во текот на ноќта и најави дека „не е среќен“.

„Не сум задоволен од руските удари врз Киев. Не е потребно, и многу лош тајминг. Владимир, ПРЕСТАНИ! 5.000 војници неделно умираат. Ајде да го завршиме мировниот договор! – напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Осум лица загинаа, 77 се повредени, а 42 лица, меѓу кои шест деца, се хоспитализирани во масовниот руски напад врз Киев во текот на ноќта, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина.

Во нападот се оштетени станбени згради, а потрагата по луѓе под урнатините продолжува, објави Укринформ.

Пронајдете не на следниве мрежи: