Трамп се шегува со Данска: „Ставаат санки за кучиња, мислат дека е одбрана“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги исмеа обидите на Данска да го одбрани Гренланд со дополнителни патроли, вклучително и две нови санки за кучиња, истовремено инсистирајќи дека САД ќе ја преземат контролата над стратешки важниот арктички остров.Министерот за одбрана на Данска призна дека нордиската земја не направила доволно за да ја заштити својата автономна територија Гренланд, но најави дека планира да инвестира 1,5 милијарди долари во два нови инспекциски брода, два беспилотни летала и две патроли со кучешки санки, откако Трамп го повтори интересот за овој остров.– Верувам дека ќе го добиеме Гренланд бидејќи навистина има врска со слободата на светот. Тоа нема никаква врска со САД, освен што ние сме тие кои можеме да ја обезбедиме таа слобода. Тие (Данска) не можат. Пред две недели испратија два тима за кучиња и мислеа дека тоа е заштита – им рекол Трамп на новинарите.Трамп минатата недела имаше 45-минутен телефонски разговор со данската премиерка Мете Фредериксен, кој сегашни и поранешни високи европски претставници го опишаа како тензичен и конфронтативен.Официјални лица рекоа дека данската влада е во „кризен режим“ откако Трамп одби да ја исклучи воената акција за повторно преземање на територијата од сојузникот на НАТО и се закани дека ќе воведе целни тарифи против Данска. САД веќе ја имаат единствената воена база на Гренланд, на северот на островот.Военото присуство на Данска на Гренланд моментално е ограничено на Арктичката команда со само 75 луѓе и опрема која вклучува четири бродови, авион за набљудување и неколку патроли со санки со кучиња. И данските и гренландските власти рекоа дека САД би можеле да го зголемат своето воено присуство на островот, а повремено има дискусии за изградба на друга база или испраќање дополнителен персонал.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.