Доналд Трамп, кандидатот на републиканците на претседателските избори во САД, изјави дека е неопходно да се стави крај на војната во Украина, велејќи дека ги познава претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, додавајќи дека и двајцата „ многу го почитуваат.
„Ќе разговарам со двајцата и ќе ги натерам да седнат и да се договорат. (Американскиот претседател Џозеф) Бајден не знаеше како да разговара со Путин и сега милиони се мртви. Тоа води до Трета светска војна, а сега не ни знаеме каде е нашиот претседател. Тој дури и не знае дали е жив“, рече Трамп за време на дебатата со демократската кандидатка Камала Харис на телевизијата ABC.
Тој додаде дека во интерес на САД е да се стави крај на војната. Трамп изјави дека Русија има нуклеарно оружје, но дека никој не зборува за тоа.