Трамп упати остра порака до земјите-членки на БРИКС

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп денеска побара од земјите-членки на БРИКС да се обврзат дека нема да создаваат нова валута или да поддржат друга валута што ќе го замени американскиот долар или ќе се соочат со царини од 100 отсто.

„Ние бараме посветеност од овие земји дека нема да создадат нова валута, ниту да поддржат друга валута што ќе го замени американскиот долар или ќе се соочат со царини од 100 отсто и да очекуваат дека ќе се простат од продажба во САД“, напиша Трамп на неговата платформа „Truth Social“.

„Нема шанси БРИКС да го замени американскиот долар во меѓународната трговија и секоја земја што ќе се обиде, би требало да се збогува со Америка“, пренесува „Ројтерс“.

Државите од БРИКС во голема мера тргуваат со доларот, но истовремено сакаат да станат помалку зависни од него. Засега заедничка валута е само начелна идеја, а нејасно е и што би се случило тогаш со досегашните валути.

Членките на БРИКС на последниот самит во Казањ, не пропуштија можност да ја нагласат „важноста од подобрената употреба на локалните валути во трговските и финансиските трансакции“.

-Доларизацијата повеќе не е доброволен избор на земјите; тоа е неизбежен одговор на „вооружувањето“ на доларот, нагласи поранешниот потпретседател на Иран, Мохамад Мокбер.

Медиумите пишуваат дека во пракса, Москва и Пекинг веќе речиси целосно престанале да го користат доларот во меѓусебната трговија и дека повеќе од 90 отсто од порамнувањата се вршат во национални две валути, при што трговијата меѓу Русија и Кина пораснала за 26 отсто во 2023 година (за 2024 година сѐ уште нема информација).

Пронајдете не на следниве мрежи: