Трамп: Училиштата мора да се отворат на есен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека училиштата во САД на есен мора да ги отворат своите врати за учениците.
– Училиштата мора да се отворат на есен, напиша Трамп на Твитер.
Светските агенции коментираат дека сè уште не е јасно како американскиот претседател ќе ги принуди властите на сојузните држави да ги отворат училишта и покрај постојаното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.
Училиштата во САД претежно се во надлежност на владите на сојузните држави и локалните власти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.