Трамп ја откажа планираната заедничка прес-конференција со Нетанјаху

Белата куќа денеска соопшти дека ја откажува заедничката прес-конференција на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, закажана за попладнево, пренесоа американските медиуми.

– Предвидената прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп е откажана, објави претставник на Белата куќа.

Нетанјаху денеска се сретна со Трамп во Белата куќа, а главна тема на разговор ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел, соопштија од кабинетот на Нетанјаху. Најавено беше дека двајцата лидери ќе разговараат и за заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, потенцијалните тензии меѓу Израел и Турција во Сирија и напорите за одвраќање на Иран.

Пронајдете не на следниве мрежи: