Доколку САД не ја преземеа венецуелската нафта, ќе го стореа тоа Кина или Русија, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека двете земји би можеле да купат нафта од САД од Венецуела, која би била достапна „речиси веднаш“ бидејќи САД се „отворени за бизнис“.
„Едно нешто што мислам дека сите треба да го знаат е дека ако ние не го направевме тоа, Кина или Русија ќе го направеа“, рече Трамп во говорот пред раководителите на нафтената индустрија, објави CBS News.
Тој изјави дека им кажал на кинеската и руската страна дека САД „добро се сложуваат“ со нив, но дека не сакаат нивно присуство во Венецуела.
„Им реков на Кина и Русија: добро се сложуваме, ни се допаѓате, но не ве сакаме таму. Нема да бидете таму. Да не го направевме тоа, Кина ќе беше таму и Русија ќе беше таму, можеби дури и двете заедно, но сега нема да бидат таму“, истакна Трамп.
Американскиот претседател, според Си-Ен-Ен, додаде и дека Кина може да купи „цела нафта што ѝ е потребна“ од САД, додека Русија може да ја добие „целата нафта што ѝ е потребна“ од САД.
Според него, венецуелската нафта ќе биде достапна „речиси веднаш“ , нагласувајќи дека САД се „отворени за бизнис“ со нова улога во Венецуела, објави NBC News.
Тој претходно ги оправда потезите на неговата администрација, вклучително и преземањето контрола врз продажбата на венецуелска нафта, за време на состанокот во Белата куќа со претставници на енергетскиот сектор, тврдејќи дека конкурентските сили како Кина и Русија во спротивно би го сториле тоа.
Изјавите на Трамп, проценува Си-Ен-Ен, претставуваат отстапување од неговите претходни критики кон европските сојузници за водење бизнис со Русија за време на војната во Украина, кога тврдеше дека конфликтот ќе заврши ако земјите од НАТО престанат да купуваат руска нафта.
The post Трамп ја откри причината за нападот врз Мадуро и Венецуела: „Доколку ние не го правевме тоа, Кина или Русија ќе го направеа…“ appeared first on Во Центар.



