Трамп ја предупреди Русија на санкции доколку не го прифати 30-дневниот прекин на огнот во Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повика Русија да се согласи на 30-дневниот прекин на огнот во војната со Украина, предупредувајќи ја Москва дека ќе воведе дополнителни санкции доколку го отфрли предлогот.„Русија нема друг избор освен да го прекине огнот. Доколку е потребно, ќе ги санкционираме, но се надевам дека нема да мораме. Во финансиска смисла, можеме да направиме многу непријатни, многу лоши работи, катастрофални за Русија, но јас не го сакам тоа“, рече Трамп во изјава за новинарите во Белата куќа.Додаде дека добил позитивни пораки во врска со прекинот на огнот, но додава оти позитивна порака не значи ништо. Прашан дали верува дека рускиот претседател ќе се придржува до прекинот на огнот, со оглед на тоа што го прекршил во минатото, Трамп вели:„Сè уште не сме разговарале со него суштински. Ќе дознаеме многу наскоро. Добив неколку позитивни пораки, но позитивна порака не значи ништо. Ова е многу сериозна ситуација. Ова е ситуација што може да доведе до Трета светска војна. Сега зависи од Русија. Се надеваме дека можеме да добиеме прекин на огнот од Русија.“

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.