Голем успех оствари нашата нордиска скијачка Фатмире Бајрамоска на Зимските Специјални Олимписки игри во Торино, Италија, освојувајќи сребрен медал.
„Со неверојатна посветеност, труд и спортски дух, Бајрамоска се избори за второ место во крос-кантри скијање и ѝ донесе сребрен медал на Македонија. Горди сме на нејзиниот успех и нејзината храброст, која е инспирација за сите нас! Честитки, Фатмире!“, напиша олимпискиот комитет на „Фејсбук“
Нашата делегација ја преставува Македонија на Специјалните Олимписки Светски Зимски Игри – Торино 2025 во следните дисциплини: алпско скијање, крос-кантри скијање и спортски танц, покажувајќи што значат истрајноста, посветеноста и олимпискиот дух.




