Трамп ќе затвора амбасади и конзулати во 30 земји ширум светот, меѓу кои и на Балканот

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за затворање на речиси 30 амбасади и конзулати ширум светот, како дел од плановите за спроведување значајни промени во американското дипломатско присуство во странство, се вели во внатрешен документ на Стејт департментот во кој имала увид телевизиската мрежа „Си-ен-ен“.

Во документот се препорачува затворање на 10 дипломатски претставништва и 17 конзулати, вклучително и два во БиХ, конзуларни одделенија во Мостар и Бања Лука, пет конзулати во Франција, два во Германија, еден во Обединетото Кралство, еден во Јужна Африка и еден во Јужна Кореја.

Во документот се препорачува и намалување на присуството на американските дипломатски претставништва во Сомалија и Ирак, земји кои беа клучни за американските напори за борба против тероризмот, пишува „Си-ен-ен“.

Пронајдете не на следниве мрежи: