Трамп ќе продава борбени авиони Ф-35 на Саудиска Арабија

Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да постигне договор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, дозволувајќи му на Ријад да набави борбени авиони Ф-35, објави „Блумберг њуз“ во петокот, повикувајќи се на официјален претставник на Белата куќа.

Трамп и престолонаследникот планираат да потпишат економски и одбранбени договори за време на посетата на Белата куќа закажана за вторник, се додава во извештајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: