Трамп ќе разговара со Русија за Белорусија: „Се чини дека таму нема многу демократија“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе разговара со Русија за ситуацијата во Белорусија и протестите против белорускиот претседател Александар Лукашенко. 

Трамп пред новинарите во Белата куќа изјави дека се чини дека „нема многу демократија во Белорусија“, каде што со денови се одржуваат протести против Лукашенко, пренесува Ројтерс.

 Протестите започнаа на 9 август, веднаш откако Лукашенко објави дека тој извојува убедлива победа на претседателските избори што се одржаа тој ден.

Демонстрантите веруваат дека изборите биле лажирани и бараат нови.