вторник, 24 ноември 2026
Најново

Трамп ѝ даде рок на Украина до четврток да го прифати мировниот план

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговата администрација поставила рок до следниот четврток за Украина да се согласи со планот од 28 точки на Белата куќа за прекин на војната со Русија, објави Си-Ен-Ен.

„Имав многу рокови, но ако работите одат добро, имате тенденција да ги продолжувате роковите. Но, четврток е крајниот рок“, рече претседателот во интервју за радио „Фокс њуз“. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Што предвидува мировниот план?

Планот на администрацијата, според нацрт-документот што го виде Си-Ен-Ен, предвидува Киев да отстапи територија на Русија, како и „де факто“ признавање од страна на САД на Крим и другите украински територии што Кремљ ги насилно ги зазеде. Од Украина, исто така, ќе се бара да ја ограничи големината на својата војска.

Многу од овие идеи веќе беа отфрлени од Украина и европските претставници за време на претходните преговори, сметајќи ги за значајни отстапки кон Русија.

Санкциите остануваат на сила

Трамп беше прашан и од „Фокс њуз“ дали планира да ги повлече санкциите што неговата администрација ги воведе врз Русија, на што тој одговори дека не планира да го стори тоа.

„Не правам ништо што има врска со укинување на санкциите“, додаде претседателот.

Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин не бара уште една војна и дека трпи казна.
The post Трамп ѝ даде рок на Украина до четврток да го прифати мировниот план appeared first on Во Центар.

Поврзани вести