Американскиот воено-индустриски комплекс се обидува да започне Трета светска војна пред да дојде неговиот татко на власт, објави Доналд Трамп Јуниор.
Се чини дека воено индустрискиот комплекс сака да започне Трета светска војна пред татко ми да постигне мир и да спаси животи. Тие треба да обезбедат трилиони долари приход. Животите на луѓето? Не им е грижа! Имбецили!, напиша Доналд Трамп на мрежата Х.
The Military Industrial Complex seems to want to make sure they get World War 3 going before my father has a chance to create peace and save lives.
Gotta lock in those $Trillions.
Life be damned!!! Imbeciles! https://t.co/ZzfwnhBxRh— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) November 17, 2024
Американскиот претседател Џозеф Бајден за прв пат и дозволи на Украина да користи ракети Атакамс за да изврши напади длабоко на руска територија, пишува Њујорк Тајмс.
Tимот на Бајден стравува дека можните напади на вооружените сили на Украина со американско оружје со долг дострел би можеле да ја испровоцираат Русија во силен одговор против Вашингтон и неговите сојузници, додава весникот.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин најави дека употребата на западно оружје со долг дострел против Русија ќе значи директно учество на земјите од НАТО во конфликтот во Украина.