ТРАОРНА ТИШИНА ВО СОФИЈА – Бугарија за само неколку часа преживеа две големи трагедии, знамињата денес на половина копје

И Бугарија жали, денеска е прогласен ден на национална жалост во спомен на жртвите од пожарот во автобуската несреќа која се случи на автопатот Струма, но и во спомен на жртвите од пожарот во домот за стари лица во село Ројак.
Денес сите знамиња на државните институции се на половина копје, а владата изрази сочувство до роднините на жртвите.
Во пожарот во домот за стари лица на 22 ноември вечерта животот го загубија девет животи, додека во автобусот на смртта живи изгореа 45 македонски граѓани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.