Трауматична исповед на мајката на Наташа Беквалац: Копав по контејнер поради ќерка ми!

Поп пејачката Наташа Беквалац неретко во јавноста говори дека нејзината најголема поддршка во животот и кариерата и е нејзината мајка Мира.
-Мајка ми најмногу ми помогна во кариерата. Многу е важно да детето кога сака да најде животна инспирација или одбере нешто што подоцна во животот му стане професија да има поддршка од родителите. Мојот татко често не беше дома со обѕир на тоа дека беше фудбалер, а потоа и тренер, па нашата мајка беше таа која од секогаш се грижела за нас, особено за мене и таа е одговорна за се што ми се случува денес, рече Наташа во една прилика.
Но на сето ова нејзината мајка во едно интервју изјави дека правела се и сешто за нејзината ќерка и тоа никогаш нема да го заборави.


-Ја обожуваше Беби Дол. Во една прилика и зема и автограм од неа на некое ливче. Таа тоа ливче го чуваше и чуваше, а јас еден ден расчистувајќи ја куќата и размислувајќи што е тоа ливче го фрлив. Кога дојде Наташа ме праша каде и е тоа ливче, а јас и реков дека го фрлив. Со часови драмеше и плачеше. Морав да одам со лампа во контејнерот и да го барам автограмот. Гледав дали некој ме гледа од улицата и барав во контејнерот и го најдов и ѝ го вратив. Потоа не ме интересираше што му направи на истиот, искрено изјави мајката на пејачката во една српска емисија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.