Трајановски: Граѓаните плаќаат за неодговорното однесување на големите корупирани партии

Во денешната епизода на МРЕЖА, заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски кој е и советник во втор мандат во Советот на Градот Скопје, истакна дека од случајот со “Скопски саем” губат само граѓаните на Скопје.

Трајановски: Граѓаните плаќаат за неодговорното однесување на големите корупирани партии

– Ако хронолошки ги видиме настаните, од објавувањето на веста дека сметката на градот е блокирана, слободно можеме да кажеме дека станува збор за симултанка од двете партии. Првата информација протече од кујната на ВМРО-ДПМНЕ и најголем дел од советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја споделија веста по совцијалните мрежи и медиумите, за следниот ден “спротивниот табор” да ја соопшти истата вест, вели Трајановски кој смета дека двете партии делуваат заедно за да се наштети на угледот на Градот.

– Многу е лесно да ги разграничите работите кои ги нудат и кои ги бараат овие политички партии. Проблемот настанува кога веќе немаат влијание и власт, тука настанува разидувањето, ако ние продолжиме и понатака да работиме во интерес на граѓаните, јас не гледам причина да не се поддржи било која програма на јавните претпријатија кои им пружаат услуги на граѓаните на Градот Скопје, вели Трајановски.

Тој ја објаснува ситуацијата со Скопскиот саем.

– Не би сакал да посочувам точен виновник, но ако хронолошки ги постабвиме работите како се одвивале на оваа локација граѓаните сами ќе дојдат

Во 2008 година градоначалник на Град Скопје е Трифун Костовски, дозволата за градба е добиена тогаш и коуналиите се ушплатени тогаш, тогашниот закон не предвидува кога треба да се започне со градба, потоа се менува законот за градба во 2001 година.

И таа измена на законот не придонесува да мора да се изврши оваа наплата, средствата да бидат вратени, главниот проблем настанува со укинувањето на ДУП-от за Скопски саем и поништување на дозволата за градба за објектот за кој зборуваме. ДУП-от го поништува тогашниот градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски, објаснува Трајановски кој додава:

– Единствен губитник во овој процес се граѓаните на Скопје, можеби Шилегов требало да го земе предвид должничко-доверителскиот однос кој предизвикува проблеми сега, но тогаш во нивниот мандат беа позаинтересирани за собирање политички поени и затоа претпоставувам набрзина се одлучила на ваков чекор за посериозен инвеститор на кој не би му требало многу време за реализација на трговскиот центар за кој сега знаеме дека постои.

Сите знаеме дека се вршеше притисок за отварање на овој трговски центар, за да се соберат политички поени пред локалните избори.

Оваа градска власт на чело со Данела Арсовска во една година од мандатот покажа дека имаме сериозен капацитет да се справиме со неправилностите и коруптивните практики кои владееле досега. Граѓаните тоа го гледаат и сметам дека поддршката од нив доаѓа пред се во однос на домаќинско трошење на нивните пари.

Во врска со судските инстанци не сметам дека треба да коментирам, наша должност е да ја задржиме кондицијата на реализација на проектите во градот, без разлика дали двата политички конгломерати кои се најбројни во Советот ќе ги поддржат истите. Граѓаните се повеќе од добро информирани, а седниците одат во живо, таму можат самите да се уверат кој навистина е заинтересиран за проблематиките на градот и граѓаните на Градот Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.