ЈСП било профитабилно само во еден период, тоа е периодот кога Никола Груевски беше премиер, истакна на денешната седница на Советот на Град Скопје, заменик-градоначалникот Александар Трајановски.
- Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
- Хороскопски знаци кои имаат проблем со стекнување пријатели
- Двете лица на Дмитриј Медведев! Слатки јахти на поранешниот претседател во омразениот Запад: Би го срамнил Лондон со земја, но го сака англискиот луксуз!
- Левица: НЕ за пензија на 67 години, пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот!
- Камерите ги фатија принцот Џорџ и принцезата Шарлот кога не очекуваа: Поради нивниот изглед многу луѓе останаа во неверување (фото/видео)
– Оваа одлука ги засега вработените во ЈСП и граѓаните кои го користат јавниот превоз. Не мора да имате симпатии кон некого, не мора да ја сакате градоначалничката. Пробавме да ги аргументираме нашите ставови, мене ме изненадува еден факт. Кога координатор на советничка група е претставник и вршител на јавна функција повеќе од 20 години, советник во општина, советник во Град Скопје, пратеник, повторно советник во општина, повторно советник на Град Скопје, тоа е координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и истиот тој советник излегува и тука глуми фрапирана и исплашена дека не знам какви средства се захтеваат за јавните претпријатија, во овој случај за ЈСП.
Сите овие податоци се јавно достапни без разлика дали некој ќе каже дека не бил информиран или немал кој да му каже, затоа постои службениот гласник. Се што треба е да ја следиме хронологијата, ако се земе предвид каква е инфлацијата и вредноста на парите денеска, ќе ги земам последните неколку години.
2015 година субвенциите кон ЈСП се 240 милиони денари, дополнителни 60 милиони плус, значи вкупно 300 милиони. 2016 година, 301 милион за потешкотии во работа, дополнителни 55 милиони за други имплементации. 2017 година, 320 милиони денари плус 100 милиони. 2018 година 516 милиони денари, 2019 година 400 милиони денари плус 8 милиони денари.. 2020 година се 500 милиони плус 180 милиони денари, истакна Трајановски кој објасни дека ЈСП било профитабилно само во периодот кога Владата предводена од поранешниот премиер Груевски го потпомагала работењето на претпријатието.
– Примарна дејност на ЈСП е обезбедување на јавен сообраќај, тоа нема должност да биде профитабилно претпријатие, никогаш не било. Знаете кога било? Во времето на Груевски, знаете зошто? Затоа што Груевски беше темелен. Ова се субвенции за потешкотии на работа кои ги дава Град Скопје, а да не зборувам за средствата од Владата што заклучно од 2015 година се слеваат исто така во ЈСП.
Ова се фактите, од бројки нема бегање. Еве го и вашиот последен успешен директор, Игор Јанушев. До 2017 на неговиот официјален Фејсбук фан-пејџ тој се гордее со бројките кои ги постигнал во неговиот мандат и таму се гледа дека претпријатието е во загуба се до оној момент во 2015 година владата на Никола Груевски одлучува да го потпомага ЈСП со шест милиони евра годишно. Тогаш Јанушев почнува да бележи позитива.
Мене ми е јасно, сега имате раководство кое се слика со чешмички, но сметам дека лидер на опозиција треба да се бави со многу посериозна работа, а исто и ние, да не фрламе дамка таму кадешто нема. – истакна Трајановски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.