Трајковски го однесе Фени во 1/2 финалето на Купот

Фени индустри го совлада Работнички со 93:89 (23:28, 27:16, 24:23, 19:22) во четвртфиналето во кошаркарскиот Куп, со што избори полуфинален меч со екипата на МЗТ Скопје Аеродорм.Екипата од Кавадарци до победата стигна благодарение на исклучителната прецизност во ударите за три поени, лидер во победата на Фени беше Бојан Трајковски кој погоди пет тројки од седум обиди, а натпреварот го заврши со 37 поени и по четири скока и аситенции. Голема поддршка Трајковски доби од Вучуровиќ кој реализра 25 поени.„Тежок натпревар што и очекувавеме, не влеговме добро во мечот, но успеавме да се вратиме во него, ја контролиравме играта и имавме предност на полувремто. Во второто полувреме не смеевме да дозволиме да ја загубиме високата предноста која ја имавме, кога му дозволивме на Работнички да се доближи на само четири поени. Но не е лесно во овој ритам да се одигра целиот меч, некои играчи одиграа речиси 40 минути“, изјави тренерот на Фени индустри Миодраг Кадија.Ненад Зивчевиќ со 24 и Мохамед Абукар со 17 кошеви беа подобри од останатите во тимот на Работнички.„Пред се одиграа многу квалитетно во нападот, имаа одличен процент за два и три поени. Ние не успеавме да наметнеме агресивност во одбраната, особено врз Бојан Трајковски, сменивме неколку чувари врз него но тоа не даде резултат“, рече тренерот на Работнички Емил Рајковиќ.Фени индсутри и МЗТ во полуфиналето ќе се сретнат во сабота, почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот.
МакфаксФени индустри го совлада Работнички со 93:89 (23:28, 27:16, 24:23, 19:22) во четвртфиналето во кошаркарскиот Куп, со ш

Пронајдете не на следниве мрежи: