Трајковски опиша што прави Груевски во Будимпешта: Загрижен е и не излегува често, се огласи „човекот за врска“!

Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува често. Вака, ја опиша средбата со него Александар Трајковски кој беше уловен на фотографија во Будимпешта. Тој зборуваше отворен со новинарите, но ги избегна камерите. Рече де бил вознемирен и останал без сон цела недела по пишувањата во медиумите, пренесоа домашните медиуми.
Како што рече денеска пред судот, на рочиштето на предметот „насилство во Општина Центар“, целта на патувањето во Унгарија не била да се сретне со Груевски, туку да најде лек за проблемите со дишењето.
– Две години овде ме лекуваа со пумпица за дишење. Одлучив по препораката од матичниот лекар и заминав на преглед во „Дуна медикал“ во Будимпешта. Таму лекарите открија дека имам девијација во носот што постојано ми предизвикува инфекција на белите дробови – изјави Трајковски. За сите одговори што прави Груевски во Будимпешта им рече на новинарите да му напишат порака на социјалните мрежи, бидејќи тој постојано е активен.
Хммммм ви се верува дека Алекс и Груевски случајно се сретнале? Во милионска Будимпешта? Хахахахахах… (нема да коментираме, заклучете сами)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.