Настојувајќи да го ограничат растот на популацијата на дивите свињи во шумите во северна Белгија, локалните власти организираа масовен лов, во кој собраа околу 200 ловџии, но резултатот е само еден единствен убиен вепар.Во шумите северно од градот Постел забележани се големи крда на диви свињи, а се случило во неколку наврати на локалниот пат возачи да налетаат на диво животно.Ловџиите забележале неколку големи крда, во кои имало и до 60 диви свињи, но успеале да погодат само еден вепар, додека останатите успеале да побегнат, некој дури и преку границата во Холандија.„Во едното крдо имаше премногу млади диви свињи, поради што не сакавме да пукаме во нив“, изјави портпаролот на Фламанската агенција за природа и шумарство, објаснувајќи ги причините за неуспешната акција.
МакфаксНастојувајќи да го ограничат растот на популацијата на дивите свињи во шумите во северна Белгија, локалните влас