Обединетите нации објавија извештај во кој наведуваат дека трговијата со луѓе е во пораст поради конфликтите во светот, климатските промени и глобалните кризи.Според последниот извештај на Глобалната комисија за трговија со луѓе, кој ја опфаќа 2022 година, бројот на жртви на трговија со луѓе ширум светот се зголемил за 25 отсто во однос на нивото од 2019 година, пред пандемијата на коронавирусот, објави Ројтерс.„Криминалците се повеќе ги користат луѓето за принудна работа, додека жените и девојчињата често стануваат жртви на сексуална експлоатација и насилство“, се наведува во извештајот, кој укажува дека главниот фактор е организираниот криминал.Децата сочинуваат 38 отсто од сите откриени жртви, во споредба со 35 отсто во претходниот извештај, врз основа на податоците од 2020 година.Најголема група жртви и натаму се возрасните жени, кои сочинуваат 39 отсто од случаите, потоа мажите со 23 отсто, девојчињата со 22 отсто и момчињата со 16 отсто.Вкупниот број на жртви на трговија со луѓе во 2022 година изнесува 69.627.Најчеста причина поради која жените и девојчињата биле жртви на трговија со луѓе е сексуалната експлоатација, со учество од 60 проценти или повеќе, додека за мажите и момчињата тоа била принудна работа, вклучително и питачење.Во извештајот се истакнува дека зголемувањето на бројот на момчиња кои се идентификувани како жртви на трговија со луѓе може да биде поврзано со зголемениот број малолетници кои доаѓаат во Европа и Северна Америка без придружба.Најголем број жртви има од Африка – 26 отсто, потоа Северна Америка и Западна и Јужна Европа, а значаен фактор е и миграцијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: