Во емисија „Директно“ дебатираа Слободан Трендафилов од ССМ, Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ и Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата.
Трендафилов на почетокот истакна дека наредната недела се најавува Генерален штрајк поради тоа што Владата остана нема во врска со зголемување на минималната плата, која е една од најниските на Балканот и во Европа.
„Ниту владата ниту работодавачите се договорија до крајот минатата година и желбата да го подобрат животниот стандард не ја гледаме. За жал во 2025 година бевме оставени како работници на ветрометина, да се снаоѓаме кој како знае и умее. Порастот на трошоците за живот, влошениот животен стандард и ниските плати, се обидовме на последната седница на економско социјалниот совет аргументирано преку една сеопфатна анализа која ја подготвивме да ги елиминираме сите изговори кои тие ги имаа цела година наназад, но не сакаа да не слушнат, не сакаа да се договорат“, објасни Трендафилов.
Тој потенцираше дека „Владата наместо да ги симне розовите наочари, таа води држава која е најсиромашна во Европа и работници кои се најсиромашните. Тие ќе бидат патем виновниците за првиот генерален штрајк кој ќе се случи оваа година, затоа што одбиваат да седнат со синдикатите“.
The post Трендафилов: Владата наместо да ги симне розовите наочари, таа води држава која е најсиромашна во Европа appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



