Мотивацијата е многу важна кога вежбате веќе подолго време и ви се чини дека сте влезени во рутина или немате контрола каде се движи вашиот напредок.
Вежбањето во пар, освен што е добро за зацврстување на врската меѓу партнерите, е физичка активност во која ќе уживате двојно – имате кој да го следи начинот на кој работите и можете да го мотивирате другиот.
Исто така, кога имате партнер за вежбање имате поголема мотивација да отидете на тренинг и секако, не сакате да го оставите партнерот „на цедило“. Секако, вежбањето е многу позабавно во друштво.
Габи и Крис ќе ви покажат како да си го организирате тренингот за двајца.