Имено, иако многумина веруваат дека тренингот може да му наштети на доењето, односно на производството на млеко, тоа не е точно.
Кога доите, најважни се здравата и урамнотежена исхрана и доволниот внес на течности, што го поттикнуваат создавањето млеко. Во таа фаза нема место за строги диети, но има место за спортување и не многу агресивен тренинг.
Во првите месеци од животот, мајчиното млеко е единствениот извор на сите важни хранливи материи што им се потребни на бебињата за здрав развој. Поради тоа, секоја мајка се грижи дали има доволно млеко и е многу важно да се храни здраво и избалансирано за време на доењето. Во својата исхрана треба да вклучува многу витамини, минерали и масни киселини.
Вежбање и доење
Но, она што многу нови мајки го забораваат е физичката активност. Без оглед на калориите што ви се потребни во текот на доењето, се препорачува да вежбате. Тоа ќе ѝ помогне на секоја мајка да се чувствува и да изгледа подобро бидејќи многу жени имаат проблем со хормоните во овој период.
Се препорачува мајките да се занимаваат со некој вид спорт најмалку двапати неделно. Повеќе од тоа во никој случај не е дозволено бидејќи телото на жената за време на доењето бара одмор, а не претеран напор.