Трето, па женско за Даниел Кајмакоски: Добредојде Емилија!

Поп пејачот Даниел Кајмакоски живее денови на голема радост и среќа поради божјата благослов да се оставри како татко по третпат.

Имено, тој и неговата сопруга Марина повторно станаа родители, овој пат на женско бебе кое го доби името Емилија.

Гордиот тато Даниел убавата вест ја соопшти преку Инстаграм профилот каде наедно ја претстави и својата наследничка, а во описот го откри и нејзиното име заблагодарувајќи и се и на мама Марина за нејзината храброст и рожбата која му ја подари.

-Емилија Кајмакоска. Така, најголемата авантура во мојот живот започна.. На мојата неверојатна сопруга Марина, ти навистина си нашиот херој. Те сакам, напиша тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: