Трет ден на жалост во Црна Гора: Еден од ранетите е во критична состојба

Во Црна Гора е трет ден на жалост поради убиството на 12 лица и ранувањето на четири лица во Цетиње. Граѓаните со свеќи и цвеќиња им оддаваат почит на настраданите.

Еден пациент кој е ранет во престрелката се уште е во критична состојба, соопшти Црногорскиот клинички центар.

Премиерот Милојко Спајиќ по седницата на Советот за национална безбедност го најави новиот закон за оружје и рече дека секој што го има оружје ќе биде подложен на ригорозни проверки.

Пронајдете не на следниве мрежи: