Во организација на Здружението на граѓани „16 март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е на ред?“, денес, со почеток во 12:05 часот, ќе се одржи 30-тиот протестен марш „Марш за ангелите“, кој ќе започне од плоштадот „Македонија“.
Како што најавуваат организаторите, маршот има за цел да ја потсети јавноста на потребата од континуирана и обединета борба за правда.
„Свесни сме дека патот до правдата ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и изопачени намери. Но, ако најдеме заедничка основа и застанеме еден покрај друг, системот нема да има друг избор освен да дејствува како што бара народот“, велат организаторите.
Рутата го вклучува движењето од плоштадот „Македонија“, покрај Собранието, до Основниот кривичен суд – Скопје. Најавени се говори и демонстрации пред Собранието и Судот, додека две централни изјави ќе бидат дадени на самиот почеток од протестот.
The post Триесеттиот протестен марш „Марш за ангелите“ во Скопје appeared first on Во Центар.



