Трикови за ефектно сокривање на подочниците

Подочниците се некогаш резултат на голем умор, а понекогаш едноставно се „наследство“ од родителите.
Без разлика во која група припаѓате, пронајдовме неколку интересни трикови кои навистина помагаат при прикривањето на подочниците.
„Замрзнати“ лажичиња
Штом станете наутро, на потечените подочници ставете ги студените лажичиња. Мразот ќе направи да се намали отокот и да исчезне, но секако ова е краткотраен ефект. Ова е совет кој можете да го искористите кога брзате на состанок или некој друг важен настан, а немате време да се шминкате темелно или да користите некои други трикови.


Сода бикарбона
Корисна е за избелување на подочниците. Направете смеса од една лажичка сода со неколку капки вода. Важно е смесата да не биде ни премногу густа, но и ретка. На туферчињата нанесете ја смесата, а потоа нив на подочниците и оставете да се исушат. На крај измијте со вода и ќе забележите разлика во бојата, а со самото тоа и подочниците ќе бидат помалку видливи.
Камилица
Можеби ќе ве изненади, но топла облога со камилица вреди да се проба. Сварете чај од камилица, па во млаката течност ставете ги памукчињата, кои потоа исцедени ќе ги ставите на очите и ќе ги оставите десетина минути (најмалку). Потоа убаво избришете ги очите со чиста мека крпа и ќе видите посвежо лице во огледало.
Куркума
Ако сакате брзо да ги снема пробајте го овој рецепт – помешајте малку прав од куркума со малку лимонов сок и додајте неколку капки кокосово масло. Добиената смеса ставете ја на подочниците, нека стои 10 минути, па измијте ги. Ќе забележите разлика веднаш!
Бадемово масло
Можеби не е толку брз, но е мошне делотворен начин на сокривање подочници. Едноставно нанесете неколку капки под очите пред да одите на спиење. Оставете да дејствува преку ноќ и повторувајте го тоа редовно, барем три пати неделно.
Кокосово масло
Кокосовото масло во комбинација со кафе е одличен „препарат“ со кој за неколку недели речиси и ќе немате веќе подочници. Помешајте лажичка кафе и малку кокосово масло, а добиената паста нанесете ја на подочниците. Оставете 15 минути да отстои, па измијте. Така два до три пати неделно, брзо ќе ја забележите разликата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.