Трикови за совршено самопотемнување

Иако секојдневното пробување на различни рутини за разубавување е лесно и интересено, постои една работа за која не сме толку сигурни во себе. Станува збор за самопотемнувањето.
Благодарејќи на искуството, знаеме колку лошо изгледа кога потемнувањето ќе се направи неправилно, а портокаловата боја на кожата не стои добро никому. За среќа, многу професионалци кои се задолжени за самопотемнувањето на многу познати дами, сакаат да откријат неколку совети кои може да ни помогнат да имаме убав тен преку целата година, без разлика дали сме биле на плажа или не.
Jules Von Hep, која често работи за Кејт Мос и Џенифер Лоренс, открива неколку трикови по кои таа се раководи кога работи за познатите ѕвезди.


1. Одберете го најдобриот производ за самопотемнување.
Спрејовите за самопотемнување на база на вода можеби се најдобар начин да добиете убав тен. Доволно е да го испрскате спрејот на кожата и да измасирате со ракавица. За оние попрофесионални најдобар е мусот за кожа, кој инстантно ќе и даде темна боја на кожата. На пазарот сега постојат и капки кои се одлични и доколку имате рутина за разубавување чиј фокус е хидратација на кожата. Само неколку капки во кремата за тело ќе ви бидат доволни за да го постигнете посакуваниот ефект.
2. Како да ја избегнете портокаловата боја доколку имате светол тен?
Кога станува збор за дамите со светол тен, тука веќе не зборуваме за темна боја на кожа туку за постигнување на природен сјај на кожата. Целта е отстранување на син подтон и давање сјај на кожата, кој ќе трае во текот на целата година. И за овој начин најдобро решение се капки за самопотемнување бидејќи со нив имате најмногу контрола врз количината на нанесување.
3. Како да ги отстраните грешките?
Постојат повеќе совети за избегнување на грешките и доколку не сте го нанеле производот за самопотемнување како што треба, тогаш можете да земете сува ракавица наменета за рамномерно распоредување на производот и да поминете низ целото тело. На тој начин ќе ги отстраните несовршеностите. Но ова мора да го направите пред производот целосно да се впие во кожата.
4. Како да ги избегнете линиите од пот?
Решението е едноставно – нанесете пудра без боја во прав. Таа ќе ја упие влажноста и ќе го заштити вашиот тен.
5. Нерамномерно потемнување.
Најдобар и единствен начин да го избегнете нерамномерното потемнување е да направите пилинг пред да го направите третманот за самопотемнување.
6. Како да го продолжите траењето на потемнетиот тен?
Како за косата, така и за кожата, најдобро е да се миете со флорални или билни купки. На кожата и е потребна добра нега за да го зачува тенот кој сте го добиле. Избегнувајте капење со многу топла вода и секојдневно нанесувајте хидратантна крема. Исто така можете повремено да употребите и спреј за постепено самопотемнување што дополнително ќе ви ја освежи кожата.
Совет плус!
Трпение, трпение и само трпение. Како што е и со шминкањето, никој не може веднаш да стане професионалец за самопотемнување. Потребно е време и совладување на техниките. Со мало трпение, ова лето вашата кожа ќе сјае!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.