ТРИКОВИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ШПОРЕТИ СО РАМНА ПЛОЧА

Шпоретите со рамни плочи се повеќе се гледаат во кујните, а за домаќинките што ги користат нивното чистење може да биде вистински предизвик.
Чувствителната стаклена површина е склона кон гребење, особено ако се користат абразивни крпи и силни средства за чистење. Оттука, откриваме многу едноставен и брз начин, во само шест чекори, како да го исчистите шпоретот со рамна плоча без да го оштетите.

Следете ги овие 6 чекори :
Садот наполнете го со топла вода, истурете го детергентот – направете пена
Над шпоретот ставајте сода бикарбона
Натопете ја крпата во чинијата со детергент, исцедете го, но нека биде влажна
Натопената крпа ставете ја над шпоретот со сода бикарбона и почекајте 15 минути
Потоа избришете го шпоретот со влажна крпа и отстранете ги остатоците од нечистотијата со сунѓер
Ако имате шпорет што се сеосетливи на допир, избегнувајте ги поради сензорите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.