Трик: Замрзнете го лимонот пред да го употребите

Лимонот е едно од најздравите овошја на планетата земја. Изобилува со хранливи материи, а лимонската киселина ни помага во борба против бактериите и вирусите.
Дали знаевте дека кората од лимон, всушност, содржи најмногу витамини и минерали кои се драгоцени за нашето здравје?
Кората од свежиот лимон не е нималку вкусна, но затоа постои начин на кој може да ја направите да биде добра за јадење и многу вкусна.
Лимонот е исклучително здраво овошје, но ако сакате од лимонот да го извлечете максимумот тогаш најдобро е да го јадете замрзнат. Најздравиот дел од лимонот е кората која секогаш останува неискористена.
Како најдобро да го замрзнете лимонот?
Исечете го лимонот на парчиња, ставете ги во вреќичка за замрзнување и ставете ја кесата во замрзнувач. Кога ќе посакате да изедете парче од лимонот, едноставно извадете ја кесата од замрзнувачот и изедете го замрзнатото парче лимон. Лимонот и неговата кора на таков начин ќе изобилуваат со освежувачки вкус на цитрусот.
Еве кои витамини ќе ги внесете во вашиот организам доколку изедете лимон со кора:


– витамин Ц, Б6 и Е
– фолна киселина
– калциум
– железо
– калиум
– фосфор
– протеини
– рибофлавин
– ниацин
– тиамин

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.