Корисничка на TikTok објави интересен трик што треба да почнете да го користите кога ги бришете подовите. Нејзиното видео набрзо стана вирално и собра над 10 милиони прегледи.
Имено, таа додаде мала кофа со чиста вода во кофата со дел за стискање на џогерот, за да може секој пат да го потопува џогерот во чиста вода, а валканата да оди во големата кофа.
Реакциите на луѓето во коментарите се поделени. На едни ова им се допаѓа, а други тврдат дека овој трик е сосема непотребен.