На сите нас нѝ се случило следното сценарио – имаме уште малку од производот во шишенцето и никако не можеме да го искористиме докрај.
Меѓутоа, корисник на социјалната мрежа ТикТок се почувствувал многу исфрустрирано како многумина од нас, но направил видео и објаснил што треба да се прави во тој случај. Него посебно го нервирало шишенцето со коректор за лице.
@shabazsaysLife hack for you all #makeup #lifehack #makeup #moneysaving #fyp #foryou #foryoupage
Во видеото објаснил дека многу го нервира кога пред крајот на шишенцето со коректор за подочници никако не може да го земе делот од дното.
Го решил проблемот на најдобар можен начин – земал клешти и со нив го отстранил пластичниот врв и ја ставил четката докрај. Се разбира, имало уште многу од производот на самото дно на шишенцето.
Многу корисници се воодушевиле од овој трик и му се заблагодариле, а некои рекле дека ова е прилично сериозна заштеда. Ова може да се примени на сите шишенца кои имаат пластичен врв и четка.