Целулитот е една од поупорните работи во животот со која секоја жена се бори, без оглед на тежината и годините. А, не се исклучок ниту најуспешните модели.
Како тие се борат со целулитот? Дали имаат некои трикови кои вие не ги знаете?
Факт е дека целулитот е невозможно целосно да се отстрани и нема потреба да се залажуваме. Но, она што може да го направите е визуелно да го скриете, кога сакате малку да ги разголите нозете.
Тајра Бенкс на пример, откри дека целулитот го крие со лак за коса. Односно, лакот за коса ѝ помага нозете да ѝ изгледаат многу помазно.
Наводно, ако напрскате лак за коса на проблематичните делови, тој ќе делува како лифтинг. Моментално, но помага, тврди Тајра Бенкс.
Исто така, помага и ако користите лосион или спреј за самопотемнување, бидејќи на потемна кожа, несовршеностите потешко се забележуваат.