Трик кој ќе ве избезуми: Еве како сите обувки да ви бидат отпорни на дожд

Дождот и одењето на работа или во град сигурно не е совршена комбинација
Првото нешто на што помислуваме кога ќе видиме дожд е да понесеме чадор и да избереме соодветни обувки за да не ни се навлажнат стапалата. Сега ќе ви откриеме трик што ќе ги направи сите чевли водоотпорни.
Сигурно многу пати сте посакале да ги носите омилените чевли во комбинација на облеката, а потоа сфативте дека врне, дека не се водоотпорни и дека и покрај желбата да бидете модерни, и во тон, нозете ќе останат влажни цел ден. Сè што ви треба е пар чевли што сакате да ги носите, фен за коса и пчелин восок.
Ако немате пчелин восок, ќе ви послужи и свеќа, само проверете дали е бела, за да не ви ги обои омилениот пар чевли. Постапката е многу едноставна. Истријте ги чевлите со свеќа многу внимателно од сите страни, а потоа исушете ги. Кога сте сигурни дека восокот се стопил и влегол во сите пори, оставете ги чевлите да се исушат неколку минути. Сега се подготвени да излезат на дожд, а оваа постапка можете да ја направите и со кожа и платно, и со антилопни чевли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.