Трипл дабл во Куманово…

Екипата на МКК Куманово во натпреварот против Вардар дојде до 14. победа сезонава (75-57) во Првата лига, а овој натпревар посебно внимание привлече кошаркарот на Куманово Тадија Тадиќ.
Српскиот кошаркар беше расположен за игра и на својот тим му помогна со 12 поени, десет скокови и десет асистенции. Тадиќ така стана единствениот кошаркар сезонава од Првата лига кој стигнал до трипл-дабл учинок.
Кога е натпреварот во прашање Куманово од самиот старт беше голем фаворит со оглед на тоа што Вардар е без победа и сигурен второлигаш.
На паузата кумановскиот состав водеше со 36-31, а победникот беше решен во третиот период кој фаворитот го доби со 21-12, па во последниот период влегоа со предност од 14 поени кои ги задржаа и до крајот.
The post Трипл дабл во Куманово… appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: