Трипуновски за апсењето на двајца директори: Ова е доказ дека нема заштитени лица

„Системот функционира, нема заштитени ликови од позиција на функционери и дека секој кој ќе го прекрши законот, ќе одговара, без разлика дали е или не од актуелната власт“.

Вака одговори министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 околу приведувањето на директорите на платежната картичка Илија Стоилев и на државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев.

„Мора да потсетиме во минатото, каде сегашната опозиција тогашна власт се обидуваше да зашститува. Тоа не е така денеска. Никој не е над законот, и законот мора да се почитува“, додаде Трипуновски.

Пронајдете не на следниве мрежи: