Меѓу хороскопските знаци постојат големи разлики кога станува збор за стилот на облекување и на однесување. Кога станува збор за елегантноста, овие три знаци на сите можат да им одржат лекција на оваа тема.
Рак
Заземаат трето место по елегантност, важат за личности кои знаат како да се однесуваат во секоја ситуација. За нив целосната слика за елеганција, покрај стилот на облекување, е надополнета со убави манири и однесување.
Девица
Важат за вториот најелегантен знак во зодијакот. Со појавата им помагаат на луѓето да изградат одлична претстава за нив. Грациозноста на нивните движења, начинот на кој одат и разговараат остава впечаток на сите кои ќе се најдат во нивно друштво. Успеваат да ја најдат совршената формула да спојат сè во едно, елегантно однесување, облекување и размислување.
Вага
Апсолутен победник и најелегантен хороскопски знак е Вагата. Точно знаат како да воспостават хармонија и во тоа се крие тајната на нивната елеганција. Со ставот и држењето на телото покажуваат како нивната природна елеганција ги прави вистински виртуози.
Имаат смисла за убавина, но освен што ги ценат убавите работи знаат и самите да создадат убавина. Нивното елегантно облекување е поткрепено и со говорот на телото, начинот на кој комуницираат со другите па проектираат слика за совршено елегантна личност. Тоа кај нив е вродено, едноставно го имаат во себе