Трифун Костовски кажа на кој датум ќе ја објави неговата „вистина за Еуростандард банка“

Еве што напиша Трифун Костовски на својот Фејсбук профил како најава:

Трифун Костовски кажа на кој датум ќе ја објави неговата „вистина за Еуростандард банка“

На 22.08.2022 jа објавувам вистината за стечајот на Еуростандард банка

Почитувани граѓани на Република Македонија

Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 Август 2022 година во Скопје ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци.

Овој извештај е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија.

Следете ме во борбата против организираниот криминал! Да ја откриеме вистината што пробаа да ја скријат!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.