Канадските лекари отстраниле острица на ноќ долга 7,5 сантиметри од грбот на еден маж кој пред три години учествувал во тепачка, пренесуваат канадските медиуми.
Канаѓанецот Били Мекнили изјавил за локалните медиуми дека чувствувал блага болка и јадеж, меѓутоа не знаел дека во грбот има поголемо парче од острица од нож.
На почетокот од седмицава тој со нокт го зафалил врвот на ножот и така открил неочекуван „имплантант” кој го добил во тепачка пред три години.
„Изминатите години ги минав во затвор и секогаш кога чуварот ќе минеше со детекторот за метал преку мојот грб тој ќе се активираше”, вели Мекнили.
Појаснува дека во април 2010 година учествувал во тепачка во која бил прободен пат пати. Лекарите ги зашиле неговите рани, но никогаш не направила рентгенска снимка, а на контролните прегледи откако ќе се пожалел на чувство на непријатност и болки во грбот му било објаснувано дека претрпел оштетување на нерв.
Меѓутоа седмицава, чешкајќи се по грбот, напипал нешто и неговата девојка ми рекла дека од грбот му ѕирка нож.
Мекнили за медиумите изјави дека размислува за можноста да покрене тужба против здравствената служба.
Макфакс
Канадските лекари отстраниле острица на ноќ долга 7,5 сантиметри од грбот на еден маж кој пред