Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Македонија ќе биде Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседателка на Парламентот Словенија.
„Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје“, велат од полицијата.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.