Трагедија го потресе кумановското село Романовце. Три малолетни деца загинаа во експлозија на плинска боца во куќа. Седуммина се повредени. По експлозијата на плинската боца избил пожар во домот на семејството Алими. Оваа инфомација ги вознемири жителите на Романовце. Тие утрово слушнале силна ексползија. Не паметат ваква трагедија.
Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Станува збор за две жени кои се во критична состојба се на КАРИЛ и се со изгореници од трет и четврт степен.
Уште еден пациент кој е во животнозагрозувачка состојба е маж на возраст од околу 60 години и тој е сместен на Пластична хирургија. Таму има уште еден повреден, но тој не е во критична состојба.