Три златни правила кои ќе Ви помогнат морската боја на кожата подолго да трае

Кожата хранете ја секојдневно, особено кога често сте изложени на сонце. Посебно внимание посветете му на деловите на телото кои најчесто се сушат.
Редовен пилинг
Иако првата помисла ќе Ви биде дека пилингот ја отстранува бојата која сте ја добиле од сончање, овој чекор е клучен за долготрајна боја. Површинскиот слој на кожата се лупи речиси секои две седмици, па важно е да ги отстраните мртвите клетки за зраците од сонцето повторно да пробијат до кожата. На тој начин се добива длабинска боја која ќе трае цело лето. За изедначен тен направете лесен пилинг на секои две недели. Можете да го подготвите самите со мешавина од шеќер и мед, кафе и маслиново масло или овесни житарки и сол.


Хидратација на кожата внатрешно и надворешно
Овој чекор е многу важен за добивање на изедначен тен. Кожата хранете ја секојдневно посебно кога често сте изложени на сонце. Посебно внимание посветете му на деловите од телото кои најмногу се сушат. Тоа лесно ќе го воочите бидејќи кожата на тие места најбрзо впива. Користете производи кои овозможуваат заштита, но и кои ја хидрираат кожат и поттикнуваат природни процеси за потемнување на кожата. Покрај тоа, кожата е потребно да се хидрира и внатрешно. Со оглед дека на лето повеќе потиме, треба да внимаваме на доволната количина на вода која ја внесуваме.
Одбегнувајте туширање со врела вода
Долготрајно туширање со врела вода ја суши кожата, па држете се до млака вода и хидратантни гелови за туширање доколку сакате Вашата кожа да има долготрајна боја. Одбегнувајте производи за депилирање на бази киселини бидејќи тие го отстрануваат слојот на Вашата кожа заедно со бојата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.