ТРИ ЗНАЦИ ВИКЕНДОВ ЌЕ ГО ПАМЕТАТ УШТЕ ДОЛГО – еве за кого доаѓа љубов и флерт

Астролозите именуваат три знаци на Зодијакот кој во текот на викендот – од 25 до 27 август – ќе бидат опсипани со љубов. Осамените ќе имаат можност да си најдат сродна душа, додека зафатените, кои веќе се во врска, треба да внимаваат да не потпаднат под искушенија за флертови.

Кои се најголемите љубовџии на викендот, прочитајте во продолжение.

Вага
Родените под знакот Вага, особено жените, ќе бидат кралици на шармот и привлекувањето овој викенд. Ќе зрачат со неодолива енергија, а престојот на Венера во пријателскиот знак Лав ќе им донесе голема самодоверба, па така ќе можат да го освојат секој кој ќе наумат.
Особено треба да бидат внимателни оние кои се во стабилни врски, да не си ја расипат врската поради љубов за една ноќ. Осамените Ваги, сигурно нема повеќе да бидат сами, но сепак, не треба веднаш да веруваат во се што ќе им се каже – многу лесно подоцна може да се разбудат од убавиот сон и да сфатат дека очекувале љубов, а добиле незаборавна авантура.

Стрелец
Еросот ќе проработи и за Стрелците кои навистина ќе бидат опсипани од љубов – оние кои се во стабилна врска лесно ќе планираат принова па дури и свадба, додека осамените Стрелци ќе имаат шанса да запознаат интересна и привлечна личност, но само доколку не се затворат овој викенд дома. Астролозите ве советуваат да излегувате, да се дружите, да заминете на кратко патување…размената на позитивна енергија ќе биде на високо ниво, а со таква енергија ќе привлекувате само наклонетост и убавина.

Риби
Како никогаш претходно Рибите ќе шармираат се што е околу нив. Депресивните мисли ќе останат во далечното минато поради убавата вест на љубовен план која буквално ќе ве извади од колосек. Не сонувајте премногу, наместо тоа прифатете ја шансата и втурнете се во авантура без големи очекувања. Рибите пак, кои се веќе во врска, треба да внимаваат на духовите од минатото – нема потреба вие да ги повикувате со вашата носталгија, сами ќе се појават…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.