Три знаци ги чека голема среќа и успех во октомври, но два мора да се пазат

Октомври за некои ќе биде поволен месец, според Зодијакот, но за некои ќе донесе бурен период кој ќе сакаат што побрзо да заврши.
Стрелец
Следуваат промени на подобро. Во изминатиот период, како да застана времето. Сѐ што пробавте ве врати три чекори назад. Сега во октомври, свеж и здрав воздух, односно енергија влегува во вашиот живот. Позитивни промени се очекуваат и на работа. Но, акцентот е повеќе на вас како суштество, бидејќи веќе нема да имате тежина и сега ќе дишете со полни бели дробови.
Риби
Искористете го октомври за да му покажете на светот дека сте сосема нова личност. Сега имате ентузијазам, се случуваат промени и време е да се подготвите за нови промени што ќе го однесат вашиот живот во сосема нова насока. Јупитер ќе влезе во вашиот знак на крајот на годината и потоа ќе ги дојдат вашите 5 минути.
Овен
Циклусот на непријатност што го имавте на работа е при крај. Сега следуваат конкретни настани што го менуваат патот на вашата кариера.
На слободните Овни ќе им се појави личност која од корен ќе им го промени животот. За прв пат нема да морате да „работите“ затоа што темпераментот на оваа личност ќе биде двојно посилен од вашиот, замислете, ќе „останете без зборови“.
Знаците кои во октомври ќе мора да се пазат, ќе претрпат не толку убави промени:
Бик
За вас, ретроградниот Меркур носи конфузија во деловниот живот, што ќе се одрази и на љубовта. Деловниот однос помеѓу вас и вашите претпоставени, како и вашите колеги, е на чекор до пукање. Таму веќе никој никого не разбира. Помислувате на промена на работното место, а сте и добивте нова понуда – советот е да почекате до крајот на месецот и потоа да донесете одлука. Нервозата од работа се пренесува на љубовниот живот и партнерот го чувствува тоа. Памет во главата и полека.
Близнаци
Вие сте деца на комуникација и овој ретрограден Мекур ви носи целосна конфузија во мозокот, зборовите и мислите. Во никој случај не донесувајте одлуки сега. Вие навистина не сте рационални или способни за тоа. Ако можете пробајте сите ваши мисли да ги ставите на хартија (значи без директна комуникација), а потоа повторно прочитајте ги на крајот на месецот и примените ги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.